ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Нема сила која може да ги тргне „огнените“ од ДУИ, вели Меџити

ДУИ не е поделена, но е обезличена од луѓе катапултирани во врвот на партијата и извршната власт, кои немаат никакво знаење за програмата на партијата и минатото на ОНА. Ова го изјави Изет Меџити, потпретседателот на ДУИ и претставник на познатата „Огнена група“ на синоќешната средба со членовите на ДУИ од Чаир. Меџити рече дека нема сила која може да ја тргне оваа група од ДУИ, и додаде „ако не избркаат низ врата, ќе влеземе низ прозорец“. Тој рече дека битката ќе продолжи додека партијата не се врати на првобитните идеали на кои е основана.

„Ова ДУИ обединето околу вистинската идеја, околу авторитетот на лидерот е нападнато од пропагандната машина на узурпаторите кои со својата ароганција успеаја да се наметнат во ДУИ, и да се катапултираат до највисоките врвови на власта. Така денес ја имаме оригиналната идеја на ДУИ овде, и Артан Груби од другата страна“, вели Меџити.

Меџити излезе со други обвинувања против Груби за злоупотреба на граѓанското движење „Разбуди се“ за лични интереси, но и за злоупотреба на името на ОНА во сите негови настапи.

„Кога ја градевме партијата, тој заработуваше добра плата за да не му се наруши удобноста ниту за момент, а кога остана без работа се сети дека може да ја злоупотреби невладината организација за да се наметне на политички партии. Да, да, Артан Груби отворено се нудеше кај лидерите на политичките партии кој ќе му ги отвори вратите“, додава Меџити.

Градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети, зборуваше за неуспесите на ДУИ, нагласувајќи дека извршната власт нема легитимитет бидејќи нејзините претставници не поминале во партиските органи.

„Ние водевме кампања за првиот албански премиер, а штом се формираше владата, имавме медиумска конференција на која излезе спротивното, тогашниот вицепремиер излезе малку срамежливо и рече дека ние сме едно. Таа реченица остана полузавршена. Кога премиерот ќе поднесе оставка, дури и студент по право во прва година знае дека сите министри поднесуваат оставки и мора да се оди на гласање. Но, ова не се случи и сето ова го проголтавме“, рече Беџети.
Судирите во ДУИ се интензивираа по средбите што двете групи ги започнаа со членството во различни градови. Следните средби на првиот човек на партијата Али Ахмети ќе продолжат в петок и в сабота во Гостивар. Ахмети во сите свои говори застана во одбрана на Груби притоа негирајќи дека има раскол во партијата, туку дебата меѓу нејзините функционери.

Исуф Кадриу

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button