СПОРТФУДБАЛ

Нема веќе дилеми, Ман. Јунајтед одлучи кој ќе го замени Рагник

Маурицио Покетињо е главниот кандидат за тренерското место на Манчестер Јунајтед. Аргентинецот отсекогаш имаше желба да се врати во Премиер Лигата, каде претходно ги водеше Саутемптон и Тотенхем.

Поранешниот 49-годишниот фудбалер има договор до 2023 година со екипата на ПСЖ, но неговата авантура во француската престолнина ќе заврши на лето. Односите со спортскиот директор Леонардо, воопшто не се добри.

ПСЖ реши да го отпушти Покетињо во јануари, но ЗинединЗидан одби да го преземе францускиот тим, одложувајќи го неговото доаѓање во Париз до крајот на сезоната.

„Мирор“, пренесува дека Покетињо е миленик на раководните лица на Манчестер Јунајтед да го замени Ралф Рангник на клупата на „Црвените Ѓаволи“ на лето, додека германецот ќе ја преземе улогата на советник на клубот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button