ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Немаме доволно пилоти за противпожарните авиони

Немаме доволно пилоти за противпожарните авиони

Државата и ова лето ќе се соочи со проблеми при гаснење на евентуално поголеми пожари, како што тоа беше случајот лани. Од трите авиони канадери, само еден е моментално во функција. Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, признава дека државата нема да биде комплетно опремена со сите канадери, но ќе има еден хеликоптер плус.

 

„.Еден од авионите на Дирекцијата за заштита и спасување е вратен назад, а вториот го очекуваме во секој момент да биде вратен назад после успешно сервисирање. За третиот се сомневам дека ќе стигнеме на време,“ рече Стојанче Ангелов- директор на ЦУК

Но, друг проблем е што дури и ако државава ги има на располагање сите канадери, ќе нема кој да управува со нив. За нив се потребни девет сертифицирани пилоти, а моментално има само тројца.

„За жал, доколку имаме пожари со голем обем, постои можност да бараме помош од странство,“ рече Стојанче Ангелов, директор на ЦУК

Проблем е и лошата опременост на противпожарните служи во земјава и покрај лошите искуства од лани.

„Опрема немаат доволно, тоа е факт… За опрема и возила е нешто на кое ќе мора да поработиме и како држава и како локална самоуправа,“ рече Кирил Пецаков, градоналалник на Охрид.

Според Државниот завод за статистика и Национални шуми, пожарите од ланското лето во земјава направија штета од околу 40 милиони евра. Меѓу јуни и септември имало 142 шумски пожари во кои изгореа 11.000 хектари шума.

Мики Traјковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button