ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Ненов: Поединци копаат криптовалути, а соседите им ја плаќаат струјата

Најголемиот товар од поскапувањата удира врз грбот на граѓаните, вели во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, граѓанскиот активист, Маријан Ненов. Како што кажа тој, постојат неколку спорни моменти кои дополнително придонесуваат за зголемување на цените на електричната енергија.

„Постојат поединци, но и региони во Македонија коишто не плаќаат за електрична енергија…овој трошок паѓа на оние граѓани коишто редовно си ги плаќаат сметките, односно се вклучуваат како некакви оправдани трошоци во цената. Оваа енергија се користи и за копање на криптовалути, некој заработува од тоа, а комшиите го плаќаат тој ‘мајнинг’“, вели Ненов.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button