ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

НЕОДГОВОРНОСТ – корона вирусот победи во секој партиски штаб

Со затворање на избирачките места, поддржувачите на партиите во голем број се собраа за да слават на отворено или во затворени простории. При тоа очигледно беше дека не се почитуваат никакви анти-ковид мерки, ниту држење на растојание, ниту пак сите носеа маски. И покрај препораките и казните за непочитување на протоколите, сите заборавија дека корона вирусот е сè уште меѓу нас и одзема човечки животи. Масовна прослава имаше ДУИ во Струга за влезот на Мерко во вториот круг.

Исто беше и во Гостивар на прославата на коалицијата Алијанса – Алтернатива за Арбен Таравари.

Во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ беше преполно за време на прес-конференцијата. Имаше и зурли и тапани.

Во исто светло во однос на непочитување на превентивните мерки се покажа и СДСМ.

Реакциите на лекарите се веќе познати. Преку вакви масовни собирања ризикот од инфекција е многу голем.

Përgatiti: Adnan Qaili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button