ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Неполни 24 часа по истекот на антикризните мерки, вртоглаво поскапување на производите

Неполни 24 часа по истекот на антикризните мерки, вртоглаво поскапување на производите

Цените на основните прехранбени производи, по истекот на антикризните мерки, денеска вртоглаво пораснаа. Производителите не само што ги зголемија цените, туку истите производи имаат различни цени, во зависност од добавувачите и самите продавачи. Како тоа да не беше доволно, многу од маркетите паралелно ги покачија цените на храната и на другите производи. Граѓаните, зачудени од вртоглавиот и неконтролиран раст. Над 80% од храната и средствата за хигиена имаат повисоки цени.

Предупредувањето за укинување на антикризната мерка, и покрај тоа што им беше познато на граѓаните, синоќа повторно создаде долги редици низ маркетите. Граѓаните се потрудија да ги наполнат корпите, иако маркетите беа претходно подготвени, а дел од производите веќе беа зголемени, 24 часа порано.

„Додека денеска поради поскапувањето на горивата има помалку сообраќај, синоќа владееше вистински хаос на бензинските пумпи, кои се обидуваа да дојдат до поевтин дизел или бензин. Не беше подобро ниту по маркетите каде имаше долгите чекања.
Атмосфера

Пораснаа и цените на нафтените деривати, бидејќи беше отстранета акцизата Со тоа се вратија долгите редици пред бензинските пумпи. Економските експерти велат дека се уште не сме виделе ништо.

Владата, односно Министерството за економија немаат предвидено продолжување на маржата која траеше речиси три месеци во укинувањето на ДДВ за основните прехранбени производи од 5% на 0. Исто така, од 1 јуни престана и укинувањето на акцизата и намалувањето на ДДВ за горивата од 18 на 10 отсто. Но, според експертите, владата може да влијае на спречување на енормни поскапувања.

Во меѓувреме, Регулаторната комисија од полноќ повторно најави нови поскапувања на горивата. Бензинот поскапува за 3 денари за БС-95 и за 2,5 денари за БС-98. Поскапуваат и дизелот и маслото за домаќинство.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button