Нервози и гужви на почетокот на туристичката сезона во Охрид, поради работите на новата автопатска делница Охрид-Кичево
Нервози и гужви на почетокот на туристичката сезона во Охрид, поради работите на новата автопатска делница Охрид-Кичево

Нервози и гужви на почетокот на туристичката сезона во Охрид. Поради работите на новата автопатска делница Охрид-Кичево, повеќе од еден месец, влезот на Охрид кај Подмоље, од страната на Струга и Скопје е затворен, па сообрќајаот се одвива по стариот пат Охрид-Струга, поради што се создаваа долги колони. Поради ова нема ден да нема сообраќајна незгода. Граѓаните велат дека ова не се прави среде сезона.
„Нормално е вакви работи да се прават на есен и на зима. Сега е летна сезона, фрекфенцијата е поголема и срамота е од аеродром ни доаѓаат туристи, а угледот на државата се намалува“, рече еден граѓанин.
„Сега треба да се направи тој пат, наскоро избори ќе има. Тие имаа сто години време, но не направија, ама сега им текна ќе направат“, додаде друг граѓанин.
„Имаа време досега да го направат. Или кај чекале толку, нека почекаа уште сезоната да заврши па потоа нека го прават.Јас сум од Вевчани и морам да кружам одоколу за да отидам за Струга, пок раткиот пат неможиш сега. Сабајлево имаше еден во езеро влезен со комбе, над болницата Костозглобна погоре“, рече еден граѓанин.
„Претставува секако голем проблем, бидејки нема ознака за насочување. Неколку пати има возила кои се движат во таа насока на патот каде што се прави и потоа се враќаат. Тоа е македонска работа, со децении секогаш вака се прави во тек на сезона, секогаш нешто да се прави и гради, наместо на зима“, додаде друг.
Министерот за трнаспорт и врски, Александар Николоски вели дека тоа е единствен начин да се заври работата.
„Свесен сум дека за дел од луѓето тоа е сериозен проблем, особено за оние кои патуваат на фрекфенција Охрид-Струга, но тоа е единствениот начин да го завршиме автопатот и е за добро и бенефит на сите. Знаете дека пред неколку години беше затворен и ништо не се случи, сега го затвораме за да го завршиме.Очекувам за неколку недели да се заврши таа работа и замолувам за трпение и после тоа ќе имаме автопат.Тоа е единствен начин да ја завршиме работата“, изјави Александар Николоски-министер за транспорт и врски.
Во реакцијата на Сдсм се вели: Добредојдовте во Охрид драги гости. Причекајте некој саат за да влезете. Можеби ќе налетате случајно на некој сообраќаец кој регулира сообраќај или па можеби уште послучајно ќе налетате на загрижениот Градоначалник за оваа непријатна слика пред сезоната, како што беше загрижен пред 2 години кога неговите беа опозиција.Власта најаува дека на почетокот на јули ќе биде пуштен дел од автопатот Охрид Кичево./Алсат.мк
Мики Трајковски