ВЕСТИСВЕТ

Несреќа на метро линија во Мексико, најмалку 15 загинати

Најмалку 15 лица загинаа, а десетици се повредени кога се урна мост на една метро линија во Мексико Сити додека минуваше воз, соопштија властите во мексиканскиот главен град. Снимките од безбедносните камери емитувани од локалните медиуми покажуваат дека вагоните паѓаат патот на југот од приближна висина од пет метри.

„Досега имаме 15 лица кои за жал ги загубија своите животи“, изјави градоначалничката на Мексико Сити, Клаудија Шинбаум, додавајќи дека 70 други се повредени. Несреќата се случи на линијата 12, чија изградба беше проследена со жалби и обвинувања за неправилности.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button