ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Несреќа на патот Штип-Радовиш, почина 44 годишен радовишанец

Едно лице на 44 годишна возраст го изгуби животот на делницата Штип – Радовиш. Според СВР Штип, потврден е идентитетот на лицето кој управувал со возилото со радовишки регистарски таблички и дека станува збор за лицето М.В. од Радовиш, пренесува МИА.

Според првичните информации, станува збор за директен судир меѓу возило со радовишки таблички и скопско товарно возило. Повредни се и две други лица во несреќата. Станува збор за возачот и сопатник од возилото со скопски регистарски таблички. Портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска, потврди дека повредените по направените прегледи се пуштени дома.

Се уште е во тек увидот на местото на несреќата на експресниот пат Штип-Радовиш кај дваесеттиот километар. Штипските пожарникари, кои биле повикани да интервенираат, со пепе апарати гаснеле едно од возилата, кое можело да се запали од силината на директниот судар. Оваа делница од клучката за Неготино, до клучката кај Бучим е затворена за сообраќај, а возилата се пренасочуваат да се движат по стариот регионален пат Штип-Радовиш преку Пилав Тепе.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button