Несвесните граѓани фрлаат на недозволени локации, а не во пунктот за собирање на цврст отпад
Несвесните граѓани фрлаат на недозволени локации, а не во пунктот за собирање на цврст отпад
И покрај тоа што се наоѓа на само неколку метри од бесплатниот пункт за собирање ѓубре, некои од жителите својот цврст отпад го фрлаат преку мост.
И како да не е доволно само фрлањето на отпадот, во последните неколку дена почнаа да го палат истиот, со што се создава чад и загадување кај минувачите.
Жителите се жалат дека ваквата глетка на мостот останува со години. Колку и да чисти општината, пак се полни.
На терен излегоа општински инспектори за животна средина и раководители на претпријатието за управување со отпад. Ветије брзо чистење
„Апелирам до граѓаните отпадот да гоносат во пунктот што ние и општина Тетово го промовиравме пред неколку недели. Оваа услуга на сите граѓани им се нуди шест дена во неделата од 8 до 18 часот. Чистењето на овој пункт ќе се изврши во најбрз можен рок“, рече Волунт Села, Заубермахер.
„Во однос на оваа ситуација денес навистина е хаотична ситуација. Ние како инспектори бевме на местото на настанот и ќе бидат преземени мерки врз основа на законот“, нагласи Саџиде Реџа, виш инспектор за животна средина.
Од општина Тетово соопштија дека за неколку дена на овој премин ќе бидат поставени камери, а за прекршителите ќе бидат изречени казни./Алсат.мк
Башким Сулејмани