ВЕСТИСВЕТ

Нетанјаху: Постигнат е договор за ослободување на заложниците што ги држеше Хамас во Газа

Кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху потврди дека преговарачките тимови на Израел и Хамас во Доха потпишале договор за прекин на огнот и ослободување заложници.

Во соопштението од кабинетот на Нетанјаху, што го пренесува „Тајмс оф Израел“, се вели дека премиерот свикал состанок на кабинетот за безбедност за денеска со цел да се одржи гласање за договорот.

Портпаролот на Нетанјаху вели дека целосниот состанок на владата не е планиран да се одржи до сабота навечер, објаснувајќи дека на противниците на договорот мора да им се дадат 24 часа да поднесат барање до Високиот суд на правдата и дека состанокот во петок попладне нема да им обезбеди доволно време да го направат тоа бидејќи многу од нив се религиозни и ја почитуваат саботата, се додава во написот на „Тајмс оф Израел“.

„Преговарачкиот тим го информираше премиерот Бенјамин Нетанјаху дека се постигнати договори за ослободување на заложниците. Премиерот нареди политичкиот и безбедносниот кабинет да се состанат во петок. Владата потоа ќе се состане за да го одобри договорот“, се вели во соопштението на неговиот кабинет.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button