ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Невакцинираните транспортери ќе немаат обврска да прават ПЦР тест

Невакцинираните транспортери немаат обврска да прават ПЦР тест за да влезат и за да излезат од земјава. Владата на денешната седница ги ослободи од оваа мерка професионалните возачи на товарни моторни возила.

„По барање на здружението на транспортери Макам-транс, од страна на Комисијата за заразни болести и Владата, прифатени се нивните барања. Транспортерите од Македонија се изземени од обврската да покажат негативен ПЦР тест кога влегуваат или излегуваат од македонска територија. Оваа одлука важи како за домашните, така и за странските професионални возачи“, велат од Визарт Министерство за транспорт и врски.

Од Здружението на транспортери велат дека и во соседни држави има слични мерки.

„Добивме информција и од бугарската Асоцијација за патен превоз со која соработуваме при што нè информираа дека од 01.09 до 30.11.2021 година се воведуваат посебни мерки за влез на нивна територија, но професионалните возачи, домашни и странски, се изземени од обврските кои се пропишуваат за другите граѓани“, велат од „Здружение на транспортери“.

Транспортерите беа загрижени и алармираа дека целиот ланец на достава на стока може да доцни, а особено репроматеријалите, лековите, нафтата и производите за широка потрошувачка.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button