ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Невладините организации бараат дестимулирање на изградба на мали хидроцентрали

Никнувањето на малите хидроцентрали низ државата, според невладините организации е поради државниот финансиски стимул. Само за 13 години во земајава се изградиле 96 малихидроциентрали кои имаат со повластени тарифи за електричната енергија преку субвенционирање на искористување на обновливи извори на енергија. Лани тие заработиле 16 милиони евра. Во најава се изградба на нови 25 мали хидроцентрали. Невладините бараат власта да направи промена и тарифните цени да се заменат со премии за поддршка на производството на електрична енергија.

Не ги почитуваме насоките на Европската Унија кои се во насока на напуштање на системот на поддршка преку тарифни цени и преминување на системот на поддршка преку премии, затоа што истиот се смета како поунапреден систем којшто ќе реагира повеќе во поголема мера на пазарните сили, одноно на ценовните промени – изјави Весна Гарванлиева, Центар за економски анализи.

Според невладините, премиите се покомпатибилни со пазарна либерализација отколку привилегираните тарифи. Барањата ќе ги испратат до Владата.

Ќе бараме тоа да се направи во најкраток можен рок, затоа што секое понатамошно задржување на ваквиот систем на финкционирање, практично значи фаворизирање на одредена технологија, којашто не е дозволена и во Европската Унија и во енергетска заедница во којашто сме членка и според нашето законодавство за државна помош каде што не смее да се фаворизираат одредени технологии – рече Давор Пехчески, „Еко – свест“.

Хидроцентралите се изградени и во заштитени подрачја, богати со природни ресуриси. Со нив се уништуваат речни корита, ја загадуваат водата и почвата со моторни масла од механизацијата. Нивната штета врз природата ја доведува во прашање оправданоста на државната помош.

Она што го увидовме после долги години на следење на овие проекти е очигледната штета која се случува во природните еко системи, како и штетата што се случува на сметка на граѓаните кои остануваат без вода за пиење заради изградбата на овие проекти – нагласи Ана Чоловиќ Лешоска, извршна директорка на „Еко – свест“.

Со изградба на хидроцентрала која се субвенционира со повластена тарифа фирмата има загарантиран профит. Прашавме во Владата дали ќе ја променат Уредбата за мерките за поддршка на прозиводството на електрична енергија од обновливи извори на енергија, но одговор не добивме.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button