ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ни од Грција, ни од Бугарија, првите вакцини во земјава ќе дојдат неделава од Србија

Грција и Бугарија ветија, но првите вакцини во земјава ќе дојдат преку Србија. Северниот сосед реши да се солидаризира со Македонија откако доби милион кинески вакцини. 8 илјади вакцини произведени од „Фајзер“ ќе бидат купени по иста цена како што ги купила и Србија од американската фармацевтска компанија.

 Вакцините од Белград до Скопје треба да пристигнат со патен транспорт со камиони-фрижидери, а начинот на регистрација на овие дози преку Агенцијата за лекови ќе се изврши на денот кога ќе пристигнат. Од Министерството за здравство велат дека за една недела овој контингент ќе влезе во земјава. Првите вакцини се очекува да бидат дадени најдоцна во петок. Во меѓувреме, министерот Венко Филипче и неговиот српски колега Златибор Лончар ќе се координираат за други детали.

Министерство за здравство

„Нашиот здравствен систем е целосно подготвен за вакцинирање. Клиниката за трансфузиологија обезбеди два фрижидери на -80° C за складирање на вакцината Фајзер, а два други фрижидери на -80° С пристигнаа викендов. До крајот на месецот ќе пристигнат уште три ладилници за вакцината Фајзер.“

Од овој ресор велат дека процесот на директно снабдување од „Фајзер“ е во завршна фаза, а нивните 5.850 дози ќе пристигнат во февруари. Другите 17.500 ќе пристигнат во март и април. Знаејќи дека вакцините на Фајзер се инјектираат во две дози, овие 8 илјади парчиња што се чини дека се најблиску до нас ќе бидат резервирани за 4 илјади граѓани. Целта е позната, први ќе се вакцинираат лекарите, медицинските сестри и медицинскиот персонал кои се наоѓаат во инфективните одделенија и ковид центрите.

Adna Qaili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button