ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Никој не ѝ се погаѓа – Данела Арсовска именува, па разрешува

Никој не ѝ се погаѓа - Данела Арсовска именува, па разрешува

За неполни две години мандат, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска смени повеќе од 20 директори на претпријатија и разни други институции во нејзина надлежност. Некои од нив ѝ го расипале ќејфот затоа што се сомневала дека се вмешани во корупција, некои беа жртви на политички пресметки, а други сами си дадоа оставки поради лоша комуникација со Арсовска не оди најдобро.
Градски паркинг во моментов го чека четвртиот директор, бидејќи досегашниот директор Крсте Петревски од денеска ќе раководи со друга институција. Претходно на чело на паркинзите беа Филип Пашу и Бојан Христовски.

На чело на ЈП „Водовод“ во мандатот на Арсовска се сменети тројца директори, прво Златко Перенски кој беше разрешен откако градоначалничката го обвини за манипулација со тендерот за пречистителна станица, потоа дојде Марјан Митовски, а моментално е Драган Илиевски.
Покрај хаосот со превозот, хаос доживеа и самиот ЈСП со именувања и разрешувања. За година и пол сменети се тројца директори меѓу кои Иван Илиевски, Александар Стојковски, а од денеска таму е Крсте Петревски.

Во директорската фотелја во Зоолошката градина исто така досега се сменија тројца директори. Првиот, Кристијан Стаменов, доби отказ откако полицијата откри дека коњите се колеле за хранење. Потоа беше назначен Драган Илиевски, а потоа Зоран Попов.
Со распадот на коалицијата на Арсовска со Алијанса за Албанците и нејзината соработка со фракцијата на ДУИ, се сменија и голем број други директори. Во Паркови и зеленило Ангел Сотировски беше разрешен и на неговото место седна Зухејр Реџепи. На местото на Борис Настов во „Улици и патишта“ беше поставен Саид Саиди.

Зуди Кока доби отказ од „Комунална хигиена“, а на негово место дојде Косана Мазнева. Во ЈП „Дрисла“ првично беше назначен Јане Мицевски, кој поднесе оставка откако Арсовска му се закани со отказ, па на негово место дојде Александар Кузинаков. Во „Лајка“ Војсилав Димитровски поднесе оставка, па беше именувана Радмила Пешева.

Покрај директорите, градоначалничката н Арсовска често менува и блиски соработници како секретарот на Градот и слични. Експертите од јавната администрација честопати ја критикуваат зачестената промена на раководители на институции, бидејќи според нив, со тоа се намалува и ефикасноста во работењето./Alsat.mk
Ардит Рамадани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button