Николоски кажа кога се очекува да биде ставен во функција поголемиот дел од автопатот Охрид – Кичево
Поголемиот дел од автопатот Охрид – Кичево, се очекува да биде ставен во функција до почетокот на следната летна сезона, рече денеска вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.
На прес-конференција по повод 100 дена од новата Влада, Николоски информира дека кредитот за реализација на овој проект е ефективен и средствата се одобрени.
-Очекувам од 7 октомври средствата да се стават на располагање на изедувачите што ќе ја зголеми динамиката на изведба на автопатот Охрид – Кичево. Сакам да ја информирам јавноста дека конечно се ефектуираше Анексот 6 што беше потпипшан во 2023 година, за дополнителните средства за изградба на автопатот Охрид – Кичево. Изведувачите последен пат имаа видено пари минатиот ноември. Од тогаш до денес не е ништо платено. Кој би работел една година без пари? Тоа е една од причините што овој проект е заглавен. Во комуникација со Ексим банката успеавме да ја завршиме целата документација. Добив информација минатиот четврток дека кредитот е ефективен, средтсвата се одобрени“, истакна Николоски.