МАКЕДОНИЈА

Николовски: Ако се одржеше пописот, во април ќе имавме 50.000 новозаболени

Потпретседателот и пратеник од  ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во гостување во емисијата „Утрински Брифинг“ кажа дека во Македонија од корона вирусот се погодени сите луѓе без разлика на која националност припаѓаат и дека основната причина за одложување на пописот е поради исклучителната лоша епидемиолошка состојба во државата со корна вирусот.

Јас не мислам дека во Македонија од корона вирусот се погодени само Македонци или само Албанци или Турци или Срби или сите кои што живеат.  Погодени се  за жал сите и епидемиолошката состојба е исклучително лоша и тоа беше основна причина зошто ВМРО-ДПМНЕ недели и месеци наназад бараше да се одложи пописот.    

Дополнително пратеникот и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Николоски појасни дека според пресметката во една ваква лоша епидемиолошка состојба во државата само како резултат на пописот доколку се одржеше сега би имало нови педесетина илјади новозаболени и тоа само во месец април што е огромна бројка. Тој рече дека со одуката за одложување на пописот се заштитува здравјето на граѓаните и на целокупното население.

Во ваква епидемиолошка состојба јас кажав една пресметка потенцијалот само од пописот е да имаме нови дополнителни 50.000 илјади заболени само во тек на месец април. Со оваа одлука тоа условно кажано оневозможува односно се заштитува здравјето на населението и не гледам тука како може да правиме поделба помеѓу граѓаните потенцираше Николоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button