МАКЕДОНИЈА

Николовски: Предвремени избори за да ја издржиме зимата 2023-та

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат рече дека предвремени избори би било најдобро да се случат пролетта 2023-та година, бидејќи, како што вели, следната зима ќе ни биде уште потешка, а актуелната власт, меѓу другото, не умее да менаџира со домашното енергетско производство.

„Зимата 2023 ќе е полоша од зимата 2022, затоа што нема да завршат брзо воените дејствија во Украина, се очекува цените на енергенсите да одат нагоре, а со неспособен тим што не знае да го организира домашното производство, мислам дека 2023-та ќе биде уште полоша, затоа изборите мора да се случат што побрзо, најдоцна пролетта, за да има време новата влада да се спреми за зимата 2023-та“, рече Николовски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button