РЕГИОН

Нинова: Одлуката на ССНБ е достојна заштита на бугарскиот национален интерес

Одлуката на ССНБ е достојна заштита на бугарскиот национален интерес. Ова на Фејсбук го напиша вицепремиерката на Бугарија, Корнелија Нинова.

Според неа, Советодавниот совет за национална безбедност (ССНБ) го потврдил ставот на Бугарија за пристапувањето на Република Северна Македонија, кој беше усвоен од 44-то Народно собрание, пренесува БНТ.

„За нас ова прашање беше една од црвените линии во преговорите за формирање влада. Тогаш некои нѐ обвинија дека го отежнувавме формирањето на коалицијата. Не отстапивме. Во договорот напишавме дека нема да го менуваме ставот веќе усвоен од парламентот“, рече Нинова.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button