ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ниската доверба во судството е поради затвореност на институциите

Ниската доверба во судството е поради затвореност на институциите

Ниската доверба во правосудството доаѓа со затвореноста на институциите, тоа пак, е потенцијаелн ризик за корупција. Според професорот Александар Маршавелски од Правниот Факултет при Универзитетот во Загреб, мора да се работи на поголема трансапарентност.

„Јас мислам дека треба да се развива трансапарентноста на судството. Судската практика треба да биде достапна за сите судови во земјата, се разбира зборувам за аномизирани пресуди. И јавноста да може да го контролира квалитетот на тие пресуди и да може да ги критикува. Кога пресудите се само меѓу две страни, тогаш може да се случи сè. И тоа е извор на потенцијална корупција“, изјави Александар Маршавелски, универзитетски професор од Загреб.

Според првиот човек на Здружението на судии, врховниот судија Џемали Саити, со само една лоша судска одлука се руши цел рејтинг во судството.

„Сметам дека е сплет на повеќе околности, почнувајќи од кредибилните судења, па се до перцепцијата и многу други фактори кои ја прават сликата за довербата во судството. Ние работиме напорно, еве и сега гледате дека се обидуваме преку медиумите да ги изложиме нашите ставови, да се доближиме до граѓаните. Го воспоставивме Судско – медиумскиот совет, кој даде некои резултати, но очигледно дека треба многу работа“, нагласи Џемали Саити, претседател на Здружение за судии.

Според анкетата на „Еуротинк“ довербата на граѓаните во судството е само 8%, а таа да се врати потребно е граѓаните да видат како функционира системот. Според податоците од Судскиот совет во судовите има безмалку 100.000 нерешени судски предмети.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button