МАКЕДОНИЈА

Нивото на поголем дел од реките под просекот за овој месец

Нивото на најголем дел од реките во земјава денеска е под просекот за месец април. Измереното ново на реката Вардар кај Јегоновце изнесува 101 сантиметар, а априлскит просек е 122 сантиметри. Нивото на Вардар на мерно место кај Скопје е 104 сантиметри, што е за десеттина сантиметри под априлскиот просек кој изнесува 115 сантиметри, а на мерното место кај Демир Капија се измерени 154 сантиметри, што е за триесеттина сантиметри пониско од просекот за април кој изнесува 188 сантиметри.

Намалување на нивото на водата бележи и реката Црн Дрим кај мерно место во Ложани и изнесува 58 сантиметри. На ова мерно место просекот во април изнесува 148 сантиметри.

Што се однесува на нивоата на водата во езерата во земјава, отстапување од априлскиот просек се бележи кај Преспанското Езеро со  842,62 мнм, а просекот за овој месец е 844,13 мнм. Ниво повисоко од просечното има Дојранското Езеро со 147,15 мнм, а просекот за април е 144,31 мнм. Охридското Езеро е во рамки на априлскиот просек.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button