ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Нивото на Треска и натаму расте, поплавени ниви и ливади

Вчерашните врнежи од дожд што го зафатија кичевско-бродскиот регион, предизвикаа нов пораст на и онака преполнетите речни корита. Најмногу грижи на  жителите им задава најголемата река Треска, која продолжи да се излева кај селата Вранештица, Лисичани и Пласница и низводно кај Македонски Брод, од Пешна до село Девич.

– Последните врнежи од дожд во регионот ги зголемија водотеците, а во тој поглед предничи најголемата река Треска, која вчера веќе се излеа на поголеми површини ниви и ливади. По новиот пораст измерен денеска, состојбите барем наредните неколку дена нема да се подобрат. Така вчера нивото на Треска беше пораснато на 132  сантиметри, а денеска на мостот кај Македонски Брод да бидат измерени 170 сантиметри, што е реална опасност реката да се излее во пониските делови, вели Миле Стојкоски од РЦУК – Македонски Брод.

Снегот кој утринава почна да врне во регионот засега не предизвикува проблеми во одвивање на сообраќајот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button