ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Низ Бугарија протече азербејџански гас, Македонија засега жедна

Низ Бугарија протече азербејџански гас, Македонија засега жедна

Претседателот Стево Пендаровски, учествуваше на церемонијата на пуштање на гасниот интерконектор меѓу Бугарија и Грција и рече дека С Македонија е подготвена да стане дел од овој проект.

„За да обезбеди одржлив развој и да ги задоволи потребите на бизнисите и домаќинствата, Северна Македонија мора да стане дел од оваа мрежа за природен гас. Оттука, подготвени сме да ги направиме сите неопходни чекори во таа насока“, рече Стево Пендаровски, претседател.

Бугарскиот претседател Румен Радев смета дека гасоводот драстично ќе ја промени сликата за енергетската криза во Европа.

„Ова не е само инфраструктурен проект, туку симбол на зголемениот потенцијал во нашиот регион, нашата успешна соработка и меѓусебна поврзаност. Сето ова придонесува за нашиот континуиран развој, преку реализација на заедничката европска стратегија за надежна ефективна и безбедна енергија“, рече Румен Радев, претседател на Бугарија.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изјави дека интерконекторот ги менува правилата на игра, алудирајќи на независноста на земјите од ЕУ од рускиот гас.

„Европа има сè што ѝ е потребно за да се ослободи од руското влијание, а тоа е политичката волја. Енергетската криза е сериозна, но сигурна сум дека можеме да се справиме со неа, но се бара сериозен одговор од Европа“, изјави Урсула фон дер Лајен, претседател на Европската комисија.

Врската за снабдување со гас меѓу Бугарија и Грција е долга 182 километри и може да испорача до 3 милијарди кубни метри природен гас годишно. Во протокот на природен гас од Азербејџан се предвидува и поврзување на земјите од Централна и Југоисточна Европа./Alsat.mk

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button