СВЕТ

Нобелова награда за мир – Двајца новинари добитници на престижното признание!

Добитници на годинашната Нобелова награда за мир се новинарката од Филипини, Марија Реса и новинарот од Русија, Дмитриј Муратов, за нивните напори да обезбедат слобода на изразување, што е предуслов за демократија и траен мир, изјави претседателот на норвешката Нобелова комисија, Берит Рајс објави Ројтерс.

Реса и Муратов се одликувани поради „храбрата борба за слобода на изразување на Филипините и во Русија“, додал Рајс-Андерсен на прес-конференцијата.

– Во исто време, тие се претставници на сите новинари кои се залагаат за тие идеали во свет во кој демократијата и слободата на медиумите се соочуваат со сѐ понеповолни услови, додава таа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button