ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ноември е месец со најголем број починати  од коронавирус

Ноември е месец со најголем број починати  од коронавирус. Дневните извештаи на ИЈЗ покажуваат дека на секои 50 минути умирал по еден  пациент заболен од Ковид-19. Овој месец се затвора со над 750 смртни случаи, со што  нашата земја е на  8-то место во светот по смртност од Корона вирусот. Зголемувањето на смртноста во овие четири недели е тројно зголемено, односно, првата недела имаше 111 а последната над 307 пациенти починале.

Смртност во ноември : Прва недела – 111; Втора недела – 149;  Трета Недела – 182; Четврта Недела – над 307

Но, она што е важно за Министерството за здравство е дека сите се починати во болница.

Според нив, сите пациенти добиле соодветен медицински третман, но големиот број смртни случаи е поради  компликацијата на други болести, како и доцно јавување на лекар. Иако и бројот на активни случаи достигна над 21 илјади, помалку од 7% се на болничко лекување. Од Министерството за здравство велат дека во последните 24 часа се примени околу 60 пациенти, од кои 38 само во скопските болници.

Министерство за здравство

„Во моментов 1296 пациенти се лекуваат во инфективните оддели и ковид центри низ целата земја, додека 157 кревети  се слободни. Во Скопје, 480 пациенти се лекуваат во болнички услови и има околу 40 слободни кревети“.

По средбата со директорите на клиниките, министерот Филипче напиша дека состојбата е под контрола со капацитетот на болниците.

„Очекуваме дека во следниот период ќе има повеќе отпуштени  отколку примени пациенти. На инфективните одделенија има сè повеќе слободни места. Секако дека ние ја следиме ситуацијата секој ден и подготвени сме за секое сценарио “.

Болничките установи на трите приватни болници, информираат дека од денеска се подготвени да примат 100 пациенти. Но, велат дека сè уште не потпишале договор со Министерството за здравство за целиот третман да биде регулиран преку Фондот.

Болница „Аџибадем Систина“

„Очекуваме Министерството за здравство да даде дозвола за трите приватни болници да го користат објектот како Ковид центар. Исто така, чекаме дозвола од станицата за снабдување со кислород, кој е неопходен за пациентите. Го чекаме предлогот на Министерството за здравство, за нивни двајца лекари кои ќе го водат овој центар. Исто така ја чекаме понудата на Фондот за здравство за договорот за соработка “.

Вкупниот капацитет за прием на пациенти со ковид е 1500 кревети, од кои 1/3 од нив се во Скопје.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button