ВЕСТИРЕГИОН

Ноќеска на Јариње мирно и без инциденти, изутринава помасовен протест на Србите

Бројот на Срби собрани утрово на преминот Јариње е значително поголем од вчера, пренесува РТС повикувајќи се на репортерот од порталот „Косово онлајн“.

Ноќта помина мирно и без инциденти. Собраните Срби останаа будни цела ноќ во групи од околу десет лица.

Членовите на единиците Росу беа веднаш до нивните оклопни возила и немаше провокации.

Луѓето што се приклучија на протестите понесоа вода, храна и топла облека со себе. Впечаток е дека Србите немаат намера да ги напуштат протестите, пренесува РТС.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button