СПОРТ

Нори и Бадоса триумфираа во „Индијански Велс“

Камерон Нори во машка и Паола Бадоса во женска конкуренција се победници на Мастерс турнирот „Индијан Велс“. Британскиот тенисер го совлада Николас Басила-Швили со 2-1 во сетови или 3-6, 6-4 и 6-1 во сетови. Со ова Камерон Нори, станува првиот Британец што триумфирал во „Индијана Велс“, откако пред него, Енди Мареј, Тим Хенмен и Грег Руседски играа во финалето, но не успеаа да триумфираат. Во женска конкуренција, нов шампион е Паола Бадоса, која во финалето ја совлада Викторија Азаренка со 2-1 сета или 7-6, 2-6 и 7-6 во игра. Тоа е втор триумф за Бадоса во нејзината кариера, а првпат триумфира на Мастерс турнир.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button