ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Нов „локдаун“ ќе предизвика колапс на економијата

Евентуалното ново враќање на рестриктивните мерки ќе предизвика колапс на економијата во земјава. Компаниите се борат со ликвидноста и сѐ уште закрепнуваат од првиот „локдаун“ од лани, велат од бизнис заедницата.

„Се надевам дека нема да случи поголема здравствена криза и тоа нема да предизвика повторно ‘локдаун’, бидејќи фирмите се многу ослабени и се во многу лоша состојба. Дел од нив немаат финансиска стабилност им е нарушена на ликвидноста. Ако не дај боже дојдеме во состојба да имаме нов пик на болеста на есен тогаш Владата ќе мора да размислува за нова финансиска помош за да се одржат компаниите живи“, рече Ангел Димитров- Организација на работодавачи.

Од организацијата на микро и мали фирми велат дека нови рестрикции ќе предизвикаат затворање на значително поголем број на бизниси споредено со лани, но и уште поголем број на невработени.

„Околу 20 до 30 проценти од трговските субјекти се затворени а уште толкав е процентот кои го намалиле бројот на вработени. Доколку се случи да има уште едни рестриктивни мерки тоа ќе биде крах на овој сектор, нема да постојат никакви шанси да преживеат малите бизнис фирми. Во тој случај процентот на затворени бизниси би се зголемил двојно повеќе“, велат од Организацијата на трговски друштва при ССК.

Од појавата на пандемијата во земјава најдолго беа затворени рестораните за свадби, игротеките, кафулињата и рестораните, но рестриктивните мерки сериозно ги почувствуваа сите бизниси односно се рефлектираше врз целата економија.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button