ВЕСТИСВЕТ

Нов напад во Франција, двајца мртви, еден тешко повреден!

Две лица загинаа, а едно е сериозно повредено во два напади извршени од исто лице во францускиот град Шоле, соопштија француските власти, додавајќи дека засега нема елементи што би укажувале на тероризам.

Француската телевизија Франс 2 објави дека напаѓачот во предградието на Шоле прво нападнал постара двојка, а потоа нападнал друг 50-годишен маж во истата населба.

Полициски извори навеле дека во врска со нападите бил уапсен 35-годишен маж, претходно познат на властите.

Шоле е мал град во југозападна Франција и има околу 50.000 жители.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button