ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Нов обид да се избере директор на Академијата за судии и јавни обвинители

Управниот одбор (УО) на Академијата за судии и јавни обвинители денеска на седница се очекува да избере нов директор откако претходниот обид во текот на летото пропадна.

Членовите на УО ќе треба да изберат меѓу тројцата кандидати кои се пријавија на огласот, а тоа се досегашната директорка Наташа Габер-Дамјановска која конкурираше за втор четиригодишен мандат, судијата од Основниот Кривичен суд Скопје Ненад Савески и судијката од Основниот граѓански суд Скопје Емилија Шопар-Јованова.

На претходниот оглас кој беше распишан во текот на летото, пак, од сега пријавените кандидатура поднесе само Габер-Дамјановска. Противкандидатка ѝ беше судијката Оља Ристова од Кривичниот суд. Меѓутоа, на седница на 30 август членовите на УО не избраа директор. Иако тогаш беше кажано дека и двете кандидатки ги исполнуваат условите за функцијата ниту една од нив не го доби потребниот број гласови.

Првично, на конститутивната седница на новиот УО на 29 ноември, за в.д. директор беше назначен судијата Зоран Герасимовски кој е и член на Судскиот совет. Меѓутоа, тој во понеделникот (5 декември) објави дека по укажувањата од Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) дека има судир на интереси поднесе оставка од в.д. директор. Истиот ден, на седница на УО, привремено до денешниот избор, на функцијата беше поставен Бесир Алиу, обвинител од Тетово.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button