ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Нов обид на Комитетот за надворешни работи на ЕП за усвојување на Извештајот на Вајц за земјава

Членовите на Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент на денешното заседание треба да гласаат за усвојување на Предлог-извештајот за земјава за 2023 и 2024 година подготвен од австрискиот европратеник Томас Вајц.

Advertisements

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, документот беше на дневен ред за усвојување на седницата на АФЕТ на 4 овој месец, но гласањето по него беше одложено за денеска на предлог на Вајц, кој е известувач на ЕП за земјава, со цел, како што образложи, да им даде можност на неговите колеги европратеници, особено оние од редовите на десничарските пратенички групи Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР) и Европа на суверени нации (ЕСН) „да ги ажурираат своите регистри на лобисти“.

– Знам дека понекогаш сме малку преоптоварени со работа во нашите канцеларии и сакам да ви дадам можност да ги ажурирате вашата регистри на лобисти и да се навратиме на ова гласање на 24 јуни, додаде Вајц.

Вајц во образложението на предлогот за одлагање на гласањето нагласи дека бил сведок на интензивни политички дебати околу извештајот, но дека апсолутно стои зад документот, за кој во преговорите и компромисите, како што рече, биле вклучени сите пратенички групи во Европарламентот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button