
Eгипетскиот репрезентативец Мохамед Салах повторно беше клучна фигура во составот на Ливерпул и покрај тоа што „црвените“ не успеаја да ја продолжат победничката серија во Премиер лигата.
Салах постигна еден од двата гола за својот тим и постави нов рекорд во Премиер лигата. Тој сега има 22 бода во системот гол/асистенција на гостински терен што значи дека учествувал во 22 погодока на својот тим оваа сезона од кои 13 постигнал, а за девет асистирал.
Досегашен рекордер во овој сегмент беше Енди Кол кој како играч на Њукасл во сезоната 1993/94 учествуваше во 21 гол на натпреварите на гости.
Што се однесува до Салах, тој оваа сезона има 27 гола и 19 асистенции на 35 меча во сите натпреварувања, а на вечната листа на стрелци во Премиер лигата се наоѓа на шестото место со 179 гола, пет помалку од петтопласираниот Серхио Агуеро и осум од Енди Кол кој е на четвртата позиција.