ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Нов закон за плати во јавниот сектор: Дали се кратат правата на работниците

Нов закон за плати во јавниот сектор: Дали се кратат правата на работниците

Со новиот предлог Закон за плати во јавниот сектор синдикатите нема да можат да учествуваат во носењето одлуки на Владата, текстот е дискриминаторски и противуставен. Ова е реакцијата на Синдикатот на секторот образование од каде побараа измените да бидат повлечени. Претседателот на СОНК Јаким Неделков смета дека им се ускратува правото да имаат можност да преговараат за висината на платите, колективните договори нема да имаат важност а тоа значи дека со растот на минималната плата многу плати  ќе бидат речиси идентични, и тоа ќе биде проблем.

„ Вредноста на бодот е уште една болна точка. Вредноста на бодот по предлог на Владата го утврдува Собранието, колкави ќе бидат платите во јавниот сектор повторно синдикатите немаат никакво влијание. Колективните договори нема да бидат во важност и се она што досега е договорено со методологиите за пресметки на плати станува ништовно“,  изјави Јаким Неделков претседател на СОНК.

Алсат побара став од Министерството за информатичко општество кое е надлежно за новото законско решение. Од таму велат дека текстот на Законот за системот на плати во јавниот сектор е во фаза на јавна расправа во која секоја засегната страна може да доставува свои мислење и предлози.

„Предложеното е во насока да се усогласат јасни правила и воедначена Методологија за пресметка на платите во јавниот сектор. Пресметката и исплатата на платите во институциите од јавниот сектор моментално се врши врз основа на посебни закони и колективни договори, а во некои институциии дури и со правилници-спротивно на начелата и одредбите од Уставот“, велат од Министерство за информатичко општество и администрација.

Моментално најниската плата која ја заработуваат вработените во градинките, основните или средните училишта е на висина на минималецот./Алсат.мк

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button