ЕКОНОМИЈА

Нова одлична можност за корисниците на Diners Club кредитна картичка!

Diners Club Македонија воведува нова Cashback онлајн програма со која на своите членови им овозможува поврат на готовина на трансакциите направени на некои од најпопуларните онлајн сервиси.

Корисниците на Diners Club картичка може да се приклучат на Cashback програмата на следниот линк: https://dinerscashback.mk/mk и да остварат поврат на готовина на трансакциите направени на Booking, Udemy, AliExpress, eBay, Rentalcars и многу други сервиси.

„Следејќи ги меѓународните трендови за картично работење, проактивно ги прилагодуваме и унапредуваме производите и услугите, па така заменувањето на постоечката програма за лојалност со новата Cashback програма за нас е логичен чекор во збогатувањето на корисничкото искуство на нашите членови“ – велат од Diners Club Македонија.

Воедно тимот на Diners најавува и наскоро проширување на програмата со нови странски и домашни онлајн продавници каде членовите ќе можат да остварат поврат на готовина.

Како носители на првата достапна кредитна, а воедно и платежна картичка во земјата, Diners Club Македонија повеќе од две децении им нуди бројни придобивки во купувањето на своите членови и поголема флексибилност во управувањето со нивниот личен буџет.

За да дознаете повеќе и да аплицирате за Diners Club картичка посетете ја нивната официјална веб страна.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button