Нова рунда преговори за минималецот

Според очекувањата, претставниците на работниците не отстапуваат од барањата за минималец 450 евра, дел од Стопанските комори понудија иминимална плата од 500 евра, но државата да го покрие зголемувањето на придонесите за пензиско и инвалидско осигурување од тоа што е сега. А пак властите велат нека се договорат двете страни ние се ќе прифатиме, но обврските кон државата мора да се плаќаат од страна на работодавачите. Информациите велат дека ќе падне збор и за платите во јавниот сектор, односно барањето за зголемување на додатокот на плата од 30 отсто.
Аргументите на Сојузот на синдикати на Македонија се дека потребна е минимална плата од најмалку 450 евра за работниците да може да го преживеат месецот. Со секоја сума пониска од оваа примателите на минимална плата живеат недостоинствено. Мораат да бараат дополнителна работа, дополнителни приходи само за да можат да го прехранат семејството. Во најтешка состојба се семејствата кои живеат со една минимална плата од 22 500 денари.
„Сојузот на синдикатите на Македонија е конзистентен во неговите ставови односно во неговите барања кон власта и кон работодавачите односно тие се наши социјални партнери со кои седнуваме на маса договараме преговараме па се разбира доколку не успееме некое заендничко прифатливо решение ние како синдикати имаме и други механизми на располагање“, велат од Сојузот на синдикати на Македонија.