ВЕСТИ

Нова сообраќајка кај зградата на ЕУ во Скопје

Претпладнево нова сообраќајна незгода се случи кај зградата на Европската Унија (ЕУ) во центарот на Скопје.

Во сообраќајката учествуваше автомобил со скопски регистрации кој се заби во заштитните столпчиња поставени помеѓу коловозот и велосипедската патека покрај објектот во кој е сместена Делегацијата на ЕУ во земјава.

ФОТО: 360 Степени

Во текот на викендот на истото место имаше уште една сообраќајка во која скопјанка со автомобил буквално влета кон зградата и искрши дел од опремата околу зградата откако претходно со автомобилот преминала преку заштитните столпчиња.

Извор: 360 Степени

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button