ВЕСТИМЕТРОПОЛСВЕТ

Нова тужба против Алек Болдвин: „Во сценариото не се бараше од него да пука со пиштол“

Во новата тужба поднесена вчера од сценаристката Мами Мичел се наведува дека, според филмското сценарио, од Алек Болдвин не било побарано да пука со пиштол во сцената во која минатиот месец ја уби снимателката Халина Хачинс на филмски сет.

Мичел, која повика полиција по трагичниот настан, тврди дека Болдвин постапил невнимателно додека пукал со пиштол во правец на Хачинс за време на снимањето на „Раст“ и рекла дека ги прекршил или игнорирал другите безбедносни протоколи кога станува збор за муниција и оружје.

Таа објаснува дека самиот Болдвин морал да провери дали има муниција во пиштолот и дека не требало да ја зема здраво за готово изјавата на помошникот на режисерот дека пиштолот е безбеден за употреба.

„Според нас, г-дин Болдвин одлучи да игра руски рулет кога пукаше со пиштол без претходна проверка, а ниту оружарот го стори тоа во негово присуство“, рече адвокатката на Мичел, Глорија Олред, на прес-конференција.

Ниту Болдвин ниту продуцентите на филмот, кои исто така се именувани во тужбата, сè уште не ги коментирале наводите.

Во тужбата се наведува дека сценариото барало три кадри – очите на Болдвин, крвава дамка на неговото рамо и дел од торзото на Болдвин „додека ја става раката во футролата и вади пиштол од неа“, но никаде во сценариото не пишува дека Болдвин или кој било друг, треба да пука со пиштол“.

Мичел во тужбата навела и дека во моментот кога Болдвин го спуштил пиштолот, таа била на помалку од 1,2 метри од него.

Минатата недела, главниот електричар на сетот, Серж Светној, поднесе тужба против актерот Алек Болдвин и продуцентот на филмот за несовесно однесување, а властите во Санта Фе сè уште истражуваат и досега немаат поднесено кривична пријава.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button