ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Нова варијанта на Ковид-19 пристигна во земјава, присутна и во Швајцарија

„Швајцарскиот“ вирус или нова варијанта на Ковид-19 пристигна во земјава, но тој не претставува поголем ризик од вообичаеното, велат здравствените власти. Министерот Филипче појаснува дека станува збор за варијанта којашто за првпат била детектирана во Швајцарија. Инаку, кај нас засега не е откриена британската верзија.

Инаку, во последните 24 часа, 36 пациенти биле хоспитализирани во ковид центрите во Скопје поради компликации од Ковид. Само во главниот град над 300 пациенти актуелно се во болница, а слободно се 122 легла.

„На Клиниката за дерматологија 17 пациенти, на неврологија 20 пациенти, на Институтот ТБЦ се лекуваат 19 пациенти, на нефрологија 15, на Клиниката за очни болести 6 и на ОРЛ 16 други. Во Гастро 23 пациенти, во болницата 8 Септември 92, на инфективната клиника 76 и во Козле 22 пациенти“, велат од министерството за здравство.

Во меѓувреме, бројот на нови случаи е релативно низок во споредба со извршените тестови. Нова проценка на епидемиолошката состојба Комисијата за инфективни болести ќе направи на 18 јануари, тело кое годинава сè уште нема одржано состанок затоа што претседателот Жарко Караџовски е хоспитализиран поради болеста.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button