ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Нови 1.233 заразени, 1.450 оздравени и седум починати од КОВИД-19

Нови 1.233 заразени, 1.450 оздравени и седум починати од КОВИД-19

Во последните три дена од направени 3.561 тест регистрирани се 1.233 нови случаи на КОВИД-19, од кои 284 се реинфекции, и 1.450 оздравени пациенти. Пријавени се седум починати лица, а дополнително согласно регистарот на умрени лица од Мој термин пријавени се уште три починати лица во периодот од 17 до 28 јули, информира Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје за периодот од 6 до 8 август.

Од новозаразените 516 се од Скопје, од Битола се 97, Кавадарци – 72, Гостивар – 55, Прилеп – 54, Охрид -53, Куманово – 47, Тетово – 45, Велес – 40, Струга – 28, Струмица – 27, Неготино – 26, Кичево – 24, Кочани – 20, Штип – 18, Гевгелија – 17, Радовиш -15, Ресен -13, Дебар – 11, Кратово – 8, Свети Николе, Берово и Валандово – по 7, Демир Хисар – 6, Крушево – 5, Делчево и Виница – по 4, Богданци и Демир Капија – по 2, Крива Паланка, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 1.

Најмногу од оздравени пациенти 651 се од Скопје, од Куманово – 120, Битола – 86, Кавадраци – 85, Охрид – 71, Прилеп – 51, Гостивар – 38, Тетово – 34, Струга – 33, Велес – 32, Струмица – 31, Штип и Неготино – по 28, Кичево – 24, Дебар – 19, Гевгелија – 18, Крива Паланка – 17, Ресен – 14, Кочани и Радовиш – по 13, Кратово – 9, Валандово и Виница – по 6, Берово и Крушево – по 5, Свети Николе – 4, Демир Хисар и Македонски Брод – по 3, Богданци – 2, Делчево – 1.

Од седумте починати лица четири се од Скопје на возраст од (91г, 87г, 82г и 77г) и по едно починато лице од Кочани (92г.), Битола (67г.) и Прилеп (83г.). Сите лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани три починати лица и тоа од Демир Хисар (76г), Велес (72г) и Струга (54г), две лица се починати во домашни услови, е едно лице е починато во болнички услови. Лицата се пријавени за починати во период од 17.07 до 28.07.2022година.

Досега во земјава се направени вкупно 2.128.711 тестирање на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 331.988, бројот на оздравени пациенти е 318.599, на починати е 9.398, а бројот на активни случаи изнесува 3.991.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button