ЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Нови 150 случаи со КОВИД-19, четири починати и 246 оздравени пациенти

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 2.290 тестови, а регистрирани се 150 нови случаи на КОВИД-19, еден починат и 246 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Починато лице е од Демир Хисар (68г). Починато е во болнички услови. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени тројца починати од Скопје на возраст од 58 до 93 години. Пријавените лица се починати во периодот 12-17.03.2022 година, две во болнички и едно во домашни услови. Кај сите четири починати лица се регистрирани коморбидитети.

Од новозаболените 150 случаи од Скопје се 84, Битола – 23, Прилеп – 9, Охрид – 5, Куманово и Гостивар – по 4, Кавадарци – 3, Тетово, Струмица, Штип, Кичево, Делчево и Демир Хисар – по 2, Велес, Кочани, Струга, Крива Паланка, Виница и Пехчево – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (150), регистрирани се 27 реинфекции.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button