СВЕТ

Нови израелски напади и нови жртви меѓу Палестинците во Газа

Најмалку 67 лица загинаа во израелското гранатирање на централна Газа и јужниот град Рафа во изминатите 24 часа. Населението во Газа се соочува со целосен хаос поради недостиг на помош во храна, вода и лекови. Студија на ОН покажа дека секое шесто дете е неухрането. Дополнително на тоа, главната болница „Насер“ остана без струја.

„Пред околу две недели работеше, се лекуваа пациенти. Во околната населба имаше малку живот, дури и мала пекарница. Сега, целата населба е уништена. Самата болница нема струја, нема храна, нема вода. Има малку лекари и медицински сестри“, вели Крис Блек, вработен во болница.

Министерството за здравство на Газа проценува дека досега се убиени повеќе од 29.000 Палестинци. Израелскиот премиер Бењамин Нетањаху најави дека ќе ја продолжи офанзивата до тотална победа против Хамас. Соединетите Држави работат со Египет и Катар за да постигнат договор за прекин на огнот, но напорите пропаѓаат затоа што Израел го обвинува Катар дека го финансира Хамас. Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Катар, ги негираше ваквите тврдења.

„Израелските изјави во врска со можноста за напад на Рафа ќе резултираат со многу висок процент на цивилни жртви во Појасот Газа и ќе го зголемат страдањето. Појасот Газа стана цел. Меѓународната заедница мора да преземе јасна акција за да ги обезбеди цивилите. Ние во никој случај не прифаќаме какво било оправдување за напад врз областа Рафа“, вели Мајед Ал Ансари, порпарол на МНР на Катар.

Во меѓувреме, највисокиот суд на Обединетите нации расправа за итен прекин на огнот. Палестинците го обвинуваат Израел за територијална окупација и расна дискриминација, но Израел негира.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button