ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Нови контроверзи за случајот со запленетата марихуана во Бутел

Продолжуваат контроверзиите околу случајот со заплена на 1240 килограми марихуана во магацин во Бутел пред година и пол. Судењето никако да започне. Прво рочиште треба да има на пролет или дури по две години откако полицијата се пофали за уловот. Но, во меѓувреме Алсат дознава дека започната е дисциплинска постапка за обвинителката од организиран криминал која го презела случајот од Обвинителството од Кавадрци.

Постапката ја води Вишото јавно обвинителство, а како можност за отварање на случај против обвинителката е евентуалното нејзино гледиште дека случајот не треба го води обвинителството за организиран криминал. Помпезната објава за заплена на марихуана сега во судница ја застапува скопското обвинителство. Но обвинител, не се појави на судењето закажано минатиот месец.

„По утврдување на фактичката состојба, надлежно за постапување во предметот за кој покажувате интерес е обвинителството од Скопје. Предметот е распореден кај обвинител. До обвинителство Скопје од страна на надлежниот суд не беше доставена покана за рочиштето на 28 – ми минатиот месец“, наведуваат од Обвинителството.

Иако директорот на БЈБ Сашо Тасевски пролетта 2020 – та година јавно на фејсбук се пофали за акцијата, случајот наместо разрешен, се уште не ни почнал да се суди во судница. Во изминатава година и пол на случајот со запленетата марихуана како што тврдеше МВР, работеа три обвинителства – кавадаречкото, организиран криминал па сега на крај случајот го презема скопското обвинителство. МВР поднесе кривична пријава за неовластењео тргување со дрога. Во три наврати тврдеше дека вештачењето покажало дека запленетата дрога од 1240 килограми била марихуана а не индустриски коноп. Имала високо присуство на ТХЦ и била посадена на 30 хектари во Сопот, кавадаречко. Но обвинителството преку свое вештачење тврди дека станува збор за индустриски коноп а обвинението се однесува на тоа што фирмата која го насадила немала лиценца за тоа.

На обвинителна клупа за овој случај идната година треба да седнат две осомничени лица а обвинета е и фирмата „Канатек“. Едно од осмничените лица е од село Жилче – општина Јагуновце и израелски државјанин за кого министерството за правда преку замолница бара Израел да го обезбеди за да му се суди во земјава. Судскиот процес треба да открие дали станувало збор за заплена на марихуана или индустриски коноп и како вештачења на две институции можат да покажваат различни резултати од анализа на ист примерок.

Бојан Стојановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button