РЕГИОН

Нови ограничувања во Грција – Се бара трета доза!

Во Грција дополнително се засилуваат мерките за заштита од корона вирусот, а од 1 февруари нема пристап до некои места без трета доза.

Сите кои нема да примат трета доза вакцина против корона вирусот, во Грција нема да може да пристапат до места резервирани за вакцинирани, најави грчкиот министер за здравство Танос Плеврис, пренесува athina984.

Сите кои не примиле дополнителна доза вакцина против коронавирусот, а поминале седум месеци од претходната, втора доза ќе се сметаат за невакцинирани.

„Потврдата ќе биде валидна и понатаму затоа што се работи за европски сертификат кој важи девет месеци, но тие лица повеќе нема да можат да користат предности како пристап до затворени простори резервирани за вакцинирани лица“, појасни министерот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button