ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Нови попуштања на антиковид мерките, најавува Филипче

Министерот за здравство, Венко Филипче на својот фејсбук профил денеска објави дека утрово на состанок со Комисијата за заразни болести се донесени новите мерки кои ги предложил на Главниот координативен кризен штаб. Истите се донесени врз основа на стабилизацијата на епидемиолошката состојба во државата.
Како што објавува Филипче, станува збор за следниве предлози:
-Да се скрати рестрикцијата на движење, односно полицискиот час да трае од 24 часот до 05 часот наутро.
-Угостителските објекти да работат до 23:30 часот, да се укине забраната за работа на фитнес центрите и теретаните.
-Органзирање на настани на отворено и затворено со почитување на протоколите од 2020 година, односно присуство на 30 % од целосниот капацитет.
-Капацитетот на градинките се зголемува на + 5 дечиња, односно од 15 на 20 деца во група.
-Здравствените работници ќе може да ги искористат старите и новите годишни одмори.

Предлог-мерките се очекува да бидат усвоени на утрешната владина седница. 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button