ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Нови снимки од пожарот во Тетово, паркирани возила им пречат на пожарникарите!

Телевизија Алсат обезбеди необјавени аматерски снимки од пожарот во модуларната болница. Овие снимки покажуваат моменти на две експлозии за време на пожарот. Се гледа и моментот на пристигнување на првото противпожарно возило и како немале можност да се справат со огнената стихија. Дополнителен проблем за пожарникарите била и улицата којашто била блокирана од автомобили.

„Таа ноќ можам да кажам дека имавме поголеми потешкотии при нашето пристигнување на местото на настанот. Во внатрешноста на просториите на Клиничката болница во Тетово во близина на модуларната болница, имаше два автомобила кои нè спречуваа да се доближиме што е можно поблиску до болницата. Од друга страна, од страната на речното корито, беа паркирани три други автомобили што не спречија да се приближиме до местото на настанот“, вели Ука Алити- командант на пожар.

Противпожарната бригада во Тетово ја покрива оваа општина каде што има околу 100 илјади жители и 5 други рурални општини. Алити бара зголемување на тимот до 120 пожарникари.

„Не, нема доволен број, имајќи предвид дека само Тетово има над 100 илјади жители. Законот за пожарникари на Северна Македонија кажува многу јасно дека на 1.500 жители мора да има еден пожарникар. Како територијална единица го опфаќаме Тетово, но и 5 други рурални општини, а секоја рурална општина мислам дека има близу 30 илјади жители. Значи, ние сме многу малку пожарникари. Можам да кажам и оти бројот во Тетово и дека опфаќаме и 5 други рурални општини, ние сме 71 пожарникар. Треба најмалку да имаме над 120 пожарникари“, додава Алити.

Работата на пожарникарите дополнително се комплицира со застарените возила и малиот број вработени. Има 10 возила, најголемиот дел стари 30 години. Оваа противпожарна единица последен пат доби две дополнителни возила во 2019 година, како дел од донација на иселеник од село Слатино.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button