ВЕСТИРЕГИОН

Абазовиќ со поддршка за „Отворен Балкан“: Не знам кој сака да чека на граници

Новиот премиер на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, изјави дека се залага за регионалната иницијатива „Отворен Балкан“.

Тој за приштинската телевизија „Клан Косово“ изјави дека „Отворен Балкан“ е осмислен да опфати шест земји од Западен Балкан и оцени дека Косово би имало најголема корист од учеството во иницијативата.

„’Отворен Балкан‘ е направен за шест земји, не е направен за пет и пол земји или три и пол земји, туку за шест земји. Секој што учествува се претставува себеси и својата земја. Мое мислење, можеби грешам, е дека најголем интерес во регионот е Косово да биде во која било регионална иницијатива“, рече Абазовиќ.

Властите во Приштина и Подгорица досега одбиваа да учествуваат во „Отворен Балкан“, додека во Босна и Херцеговина не беше постигнат консензус за приклучување кон иницијативата, која ги вклучува Србија, Албанија и Северна Македонија.

Црногорскиот премиер ги потврди и тврдењата дека „Отворен Балкан“ е иницијатива на српскиот претседател за создавање голема Србија велејќи дека тоа нема смисла со оглед дека во проектот учествува и Албанија.

„Најважно е да се зголеми довербата меѓу државите во регионот и да се случи тоа мора да има и комуникација, а тоа се случува само двапати годишно – во Берлин и Виена, каде што се сретнавме со премиерите минатиот јуни, каде што се разговара и се пие кафе и потоа никој повеќе не контактира со никого. Мислам дека тоа е погрешен начин. Не знам кој е тој што сака да чека на граници, не зборувам само за туристите од Косово во Црна Гора туку и за граѓаните на Црна Гора кои сакаат да одат во Србија или каде било во регионот“, рече Абазовиќ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button