ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Новите членови на ДИК ја презедоа функцијата

Новиот состав на Државната изборна комисија даде заклетва и официјално ја презеде функцијата, но со работа ќе почне во понеделник. Новоизбраниот претседател Даштевски, избран по предлог на ВМРО-ДПМНЕ, се смета себеси за нај-непартиски меѓу колегите.

Даштевски не верува дека неговиот избор е поради блискоста со опозицијата.. Ветува дека ќе ја заврши работата професионално. Тој и претходно беше член на изборната институција, а во врска со можните измени во изборниот законик, вели дека ќе одлучат.

Меѓу членовите на ДИК, тројца беа реизбрани од претходниот состав. Меѓу нив е и потпретседателката, Дитмире Шеху. Следната најважна задача е да се организираат локалните избори во октомври.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button