КОШАРКАСПОРТ

Ново чудо од Чаир 2030, го победија и поранешниот шампион Еуро Никел

Кошаркарите на Чаир 2030 приредија вистинска сензација во домашниот кошаркарски шампионат откако во натпревар од 3. коло славеа на домашен терен против Еуро Никел со 74-73. Гостите од Кавадарци подобро го отворија натпреварот и по десет минути игра имаа предност од пет поени (16-21).

Новајлијата во елитата одигра неверојатна втора четвртина што им донесе предност од четири поени на паузата (38-34). Третиот период помина во израмнета игра на двете страни, па резултатот по 30 минути изнесуваше (57-55).

Во последниот период продолжи израмнетата игра на двете страни. Гостите иако имаа негатива на две минути до крајот на мечот успеаја да стигнат до израмнување 70-70. Во неизвесниот и тензичен финиш подобро се снајдоа домаќините за конечен триумф од 74-73.

Американскиот двоец Мохамед и Френклин постигна 24 односно 23 поени во победничкиот табор, додека кај поразените Кирил Николовски заврши со 19 поени. /Ekipa.mk/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button