ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Објавена новата состојба со новозаболени и починати од Ковид-19

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 2.285 тестови, а регистрирани се 202 нови случаи со КОВИД-19, двајца починати и 201 оздравен пациент, соопшти Министерството за здравство.

Од новозаболените 202 случаи, од Скопје се 117, Битола – 24, Кавадарци – 15, Прилеп – 10, Куманово – 6, Охрид – 4, Тетово, Струмица, Ресен и Делчево – по 3, Велес, Штип и Кичево – по 2, Гостивар, Кочани, Неготино, Свети Николе, Богданци, Крушево, Демир Хисар и Демир Капија – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (202), регистрирани се 35 реинфекции.

Од 201 оздравен пациент од Скопје се 133, Битола – 22, Прилеп – 11, Куманово и Охрид – по 7, Струмица – 6, Тетово – 4, Кочани – 3, Кичево и Делчево – по 2, Струга, Ресен, Кратово и Крушево – по 1.

Од двете починати лица, едното е од Скопје (79г), а другото од Охрид (90г). Кај двете лица се регистрирани коморбидитети и починати се во болнички услови.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button