Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 3.561 тестирања, а регистрирани се 242 нови случаи на Ковид-19.
Оздравени се 247 пациенти, а починати се 6 лица- 2 починати лица од Скопје (71г и 87г), и едно починато лице од Кавадрци (84г), Охрид (72г), Струга (74г) и Ресен (80г). Пријавените лица се починати во болнички услови.